Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во правец кон Загреб. Според хрватските медиуми, се судриле три возила – со словенечки, словачки и српски регистарски таблички.

Несреќата се случила денеска во 10 часот и 30 минути, а едно лице починало, додека седум лица се пренесени во болница.

Поради несреќата на автопатот настанал голем метеж и се формирала колона долга 10 километри. Хрватските медиуми јавуваат дека се замолуваат патниците да избегнуваат патување преку оваа релација додека не се стабилизира состојбата.

Како што изјави за Хина заменик жупанискиот државен правобранител Бруно Колаковиќ, против државјанин на Република Словенија до општинското државно правобранителство во Карловац ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување сообраќајна незгода од невнимание, незгода со фатален исход и голема материјална штета.

Како што изјави за Хина заменик жупанискиот државен правобранител Бруно Колаковиќ, против државјанката на Република Словенија до општинското државно правобранителство во Карловац ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување сообраќајна незгода од невнимание, незгода со фатален исход и голема материјална штета.

„Првите информации од истрагата укажуваат на неправилна промена на сообраќајната лента на автопатот, но како и во секој друг ваков случај, ќе се чекаат резултатите од алкотестот, а во иднина ќе биде нареден сообраќаен вештак, како и обдукција на телото на починатиот“, рече Колаковиќ.

„Првите информации од истрагата укажуваат на неправилна промена на сообраќајната лента на автопатот, но како и во секој друг ваков случај, ќе се чекаат резултатите од алкотестот, а понатаму ќе биде ангажиран сообраќаен вештак, како и обдукција на телото на починатиот“, рече Колаковиќ.

📸

📸

📸

📸

📸

📸