Постар маж е примен на Инфективната клиника во Приштина поради сомнение дека има мајмунски сипаница, јавуваат косовските медиуми.

Денеска неговите примероци од крвта ќе бидат препратени во Холандија, соопшти Министерството за здравство на Косово.

Станува збор за 69-годишен маж од Драгаш кој има симптоми кои одговараат на мајмунски сипаници, а тој бил изолиран на клиниката.

– Примерокот ќе биде испратен во референтната лабораторија на СЗО во Холандија, ги чекаме резултатите до конечната дијагноза, се вели во соопштението.