Ксенија Лукиќ (30) од Сремска Митровица исчезна пред три месеци и 10 дена, а потрагата по неа се уште трае. На девојката ѝ се изгуби секоја трага ноќта меѓу саботата и неделата на 26-ти февруари околу три часот по полноќ, а се претпоставува дека скокнала од мостот Дуга во Дунав.

– Како што неофицијално дознаваме, припадници на Жандармеријата ја „чешлале“ реката, но нејзиното тело не било пронајдено во тој дел на Дунав, јавуваат српските медиуми.

По нејзиното исчезнување, сестрата на Ксенија рекла дека таа се скарала со своето момче, а потоа побегнала од него. Се вели дека ја изгубил од вид на мостот.

– Тоа е единствената информација што ја имаме за неа. Не ни знаеме како била облечена во моментот на исчезнувањето бидејќи нејзиното момче не сакаше да комуницира со нас – изјави таа пред еден месец.

Нејзината сестра додаде дека полицијата на семејството му кажала дека едно лице скокнало од мостот и дека се трага по телото, така што најблиските на Ксенија се уште не знаат дали е таа или можеби некој друг, пишува Телеграф.рс.

Како што потврдија од семејството на исчезнатата Ксенија, момчето со кое таа се забавувала живеело во Лондон. Тие биле во врска неколку месеци, а потоа дошол во Србија да се видат. Токму тој го пријавил исчезнувањето на девојката во полиција, а по овој инцидент бил хоспитализиран.

Дента кога исчезнала момчето објавило фотографија

Дента на исчезнувањето на Ксенија, нејзиното момче објавило слика од исчезнатата девојка со опис:

– Моја сакана Ксенија – многу ми недостигаш!

Дополнително, како локација го обележил Нови Сад, а секоја трага на девојката се губи на Варадинскиот мост, кој се наоѓа во тој град.

Дали е ова последната снимена фотографија од Ксенија и што сакало да каже момчето со оваа порака се уште не е познато.