Маж по потекло од територијата на поранешна СФРЈ е осуден на доживотен затвор затоа што во декември минатата година во Шведска ја усмртил бремената сопруга прободувајќи ја 50 пати.
Според шведските медиуми, мажот по страшниот злочин мирно повикал полиција и сам се пријавил.
– Жена која била во 27. недела од бременоста лежела на креветот во крв со над 50 убоди. Раните биле претешки и немало спас, набрзо по доаѓањето на лекарите починала – пренесуваат порталите.
На човекот му се судеше пред Окружниот суд во Малме.
– Судот оцени дека овој чин е исклучително тежок и смета дека казната мора да биде доживотна – наведува порталот Афтонбладет.
Be the first to write a comment.