Вистинската драма се одвива вечера во центарот на босанскиот град Зеница, откако во улицата „Исламбеговиќ“ се пронајдени две безживотни тела, дознава порталот „Аваз“.
Според дежурниот службеник во Оперативниот центар на МВР на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), се уште се утврдуваат околностите за оваа трагедија.
– Во 21,20 часот, на улицата „Исламбеговиќ“ во копирница за клучеви биле пронајдени две безживотни тела. Лекарот од Брза помош констатирал дека смртта настапила пред 20 часот – велат од полицијата.
Увидот на лице место се врши под надзор на дежурниот обвинител.
Be the first to write a comment.