Српската полиција уапсила четири лица, меѓу кои еден полицаец и припадник на безбедносната информативна агенција (БИА), кои се осомничени дека подолго време шверцувале дрога од Јужна Америка во Европската унија, соопшти МВР на Србија.

Одделението за внатрешна контрола на МУП (СУК) во соработка со Обвинителството за организиран криминал и БВР ги привеле полицискиот службеник на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Д.Ј.(1981), неговата сопруга Д.Ј.(1983), припадник на БИА и поранешен полицаец К.М.(1978) под сомнение дека како членови на организирана криминална група со прекуокеански бродови од Јужна Америка во земјите на ЕУ шверцувале поголема количина на кокаин, а добиените пари од продажбата на кокаин од ЕУ ги префрлале од Србија во Црна Гора.

Ж. Ф.(1988), возач од Аранѓеловац е уапсен како член на групата.

Во соопштението, МВР наведува дека Д.Ј. ја злоупотребил службената положба за проверка на базите на податоци на МВР за истрагите на УКП и неовластено пренесувал доверливи информации на други членови на осомничената група.

Неговата сопруга Д.Ј., како припадник на БИА, со проверка на базите на податоци на таа безбедносна агенција дошла до информации за истрагите што ги спроведува БИА и ги споделила со членовите на групата.

Уапсениот Д.Д., исто така, се сомничи дека префрлил поголема сума пари од продажбата на кокаин од Србија во Црна Гора, а дел од сумата ја вложил во шверц на кокаин од Јужна Америка во земјите на ЕУ.

Уапсениот К.М. учествувал во шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа и собирање пари од продадената дрога и во транспорт на пари од Србија до Црна Гора, додека дел од парите од продажбата на дрога биле вложени во изградба на имоти на територијата на Србија и Црна Гора.

Осомничениот Ж.Ф. како возач во меѓународен товарен транспорт, парите заработени од продажба на кокаин од Европската Унија ги носел во Србија и Црна Гора.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин ги пофали учесниците во истрагата за успешната акција, велејќи дека полицијата ги расчистува нивните редови од валканите полицајци.