Обдукцијата утврдила дека смртта настапила со давење, но нема одговор од каде дошла повредата на раката на девојчето.

Случајот со младата Сенада Бркиќ од Сараео, која на 25-годишна возраст си го одзеде животот скокајќи во надојдената Миљачка во јануари годинава, тогаш ја шокираше јавноста, а Обвинителството на кантонот Сараево покрена прелиминарна истрага за утврди дали во овој случај постојат елементи на кривично дело.

Како што потврдија од Обвинителството на КС, досието е се уште отворено и се преземаат одредени активности.

– Во овој случај, конечната обвинителска одлука се уште не е донесена – накратко изјави за Аваз, Азра Бавчиќ портпарол на Обвинителството на кантонот Сараево.

Самоубиството се случило на 19 јануари по полноќ. Девојката со такси се упатила до Скендерија, каде, најверојатно, веднаш се фрлила во Миљачка. Таксистот кој го управувал возилото веднаш повикал полиција. Во своето такси нашол 10 конвертабилни марки на седиштето кое девојката ги оставила за тоа што ја возел.

Полицијата тогаш потврди дека во 01:58 часот е пријавено дека едно лице паднало во Миљачка на Скендерија. Неофицијално дознаваме дека обдукцијата потврдила дека непосредна причина за смртта е давење, објавија босанските медиуми.

Што ја натерало младата девојка да крене рака врз себе се уште не е целосно утврдено, бидејќи се појавиле одредени сомнежи кои треба да ги истражат истражителите.

Повреда на раката

Индикативно е, а она што наводно не го констатирала обдукцијата е дека девојката имала повреда на раката, чија причина се уште не е позната.

Дополнително, истражителите мора да испитаат што значела пораката што девојката и ја испратила на пријателката, во која ја објавила својата смрт, но под други околности. За оваа порака е информирано МВР на кантонот Сараево.

Се истражува дали во животот на младата девојка имало маж кој евентуално ја малтретирал.

Драматична потрага

Во драматичната потрага по девојчето учествувале членови на дежурните екипи на ГШС Нови Град Сараево, ГСС кантон Сараево, полиција и пожарникари. На 19 јануари во 03:58 часот во надојдената Миљачка, недалеку од Образовниот, спортско-рекреативен центар „Сафет Зајко“, на површината на реката било забележано тело, а во 04:26 часот било извлечено на брегот, по што била констатирана смрт на девојката.