Случајот со невидено семејно насилство, кој вчера беше обелоденет во белградската населба Мириево, го вознемири целиот регион.

Како што дознават српските медиуми, девојчето (8), чиј татко со години ја држел заробена во када, била спасена во последен момент кога на крајот на минатата недела две полицајки упаднале во станот во станбена зграда. Во бањата ја нашле едвај жива како лежи во када. Девојчето било толку гладно и дехидрирано што едвај дала знаци на живот.

На општо чудење и солзи на очевидци, снимен е повеќе од морбиден детаљ од станот на хоророт – на кадата каде ја држел во заробеништво, таткото ставил и заедничка фотографија од себе и ќерката?!

Една од двете полицајки кои дојшле да интервенираат ја носела во раце на нескриено чудење на соседите и очевидците кои мислеа дека носат бебе во розова јакна, бидејќи 8-годишното девојче било многу малечко, ненахрането и исцрпено.

Соседите изјавиле дека не ни знаеле дека девојчето постои. Според првичните информации нејзиниот татко Урош П.(37) со години ја држел како робинка.

📸

📸

📸

📸

📸

📸