– Адам Лабунски со сите сили се труди да се прикаже во добро светло во реалното шоу „Задруга 6“, додека во родната Македонија веќе некое време е многу омразена личност. Причината за тоа е што поранешниот учесник на „Пинкови ѕвездички“ и „Ѕвезда Гранда“ не сакал да му го врати капарот на семејството кое го ангажирало за свирката која била откажана бидејќи нивниот син загинал, пишува вечерва „Блиц.рс“.

Имено, пејачот бил ангажиран од таткото на младиот човек за да ја прослави матурата, но забавата не се одржала поради несреќата во која настрадал младиот човек. Добро упатен извор во целиот случај, соговорник на Блиц.рс, вели дека авансот не бил голем и дека Адам Лабунски се „обрукал“, а не покажал ни трошка хуманост.

– За жал, тоа момче го загуби животот во сообраќајна несреќа. Таткото на момчето му се јавил на Адам и му објаснил што се случило, каква трагедија доживеале и побарал од него да го врати капарот поради конкретната ситуација. Тоа семејство не е финансиски силно и имаа голема потреба од пари. Лабунски одбил да ги врати парите. Беше околу 200 евра бидејќи Лабунски пееше за 500 евра максимум – вели изворот за српски „Курир“ и продолжува:

– Ожалениот татко ја објавил нивната преписка на социјалните мрежи и луѓето биле згрозени. Сите го мразеа пејачот поради тоа. Се обиде да се оправда, за тоа пишуваа сите медиуми во Македонија. Адам станал несакан музичар во својата родна земја затоа што немал разбирање за несреќата низ која поминала ожалостеното семејство, објавија српските медиуми.

Јавноста доби пристап и до пораките што ги разменувале учесникот на „Задруга“ и таткото на починатиот млад човек. Од преписката е јасно дека таткото очајно се обидува да ги доби парите назад, но дека пејачот не сакал ниту а слушне за тоа.

– Да те замолам да не ме замараш 100 пати. Не разбираш. Го изгубив настапот тој ден, како што беше договорено со тебе. Дали е јасно?! Изгубив 500 евра – напишал Лабунски.

Тогаш му одговорил таткото на младиот човек.

– Мислам дека не може да се споредува. Едно е желбата, друго е судбината. Мојата загуба е неспоредлива со вашата. Никој не го очекуваше и не се надеваше на ова. Ова не е фер и треба да ги вратите парите. Навреме те известив да најдеш уште една свирка. Треба да ги вратите парите – се наведува во пораката.

Инаку, главен адут за влез во реалното шоу му беше тоа што го завела пејачката Тијана Милентијевиќ, која како што тврдеше го сретнала на сплав, но дека тој не бил заинтересиран. Таа жестоко го негираше тоа, тврдејќи дека тој им предложил да направат приказна за да го направат популарен.