Уапсен е маж откако во грчки ресторан шутнал маче во морето. Доколку биде прогласен за виновен и осуден за злоупотреба на животни, на мажот му се заканува казна затвор до 10 години и максимална парична казна од 50.000 евра.
На снимката од шокантниот инцидент се гледа како три лица вечераат надвор во приморски ресторан на островот Евија во Грција. Две слатки црно-бели мачиња им приоѓаат барајќи храна, а еден човек тргнува да ги намами мачињата мавтајќи со риби.
Кога едно од мачињата се приближува на неколку сантиметри од масата, мажот го клоца и тоа паѓа во плиткото. На видеото се гледа жена како се смее додека другото маче бега.
Мештаните наводно го однеле мачето на ветеринар на преглед, а за среќа било неповредено. Видеото предизвика негодување на социјалните мрежи во Грција, што доведе до апсење на човекот.
Реагираше грчкиот министер за полиција кој рече дека „насилството врз животните е неприфатливо“.
Тој ги пофали луѓето кои реагираа, што доведе до апсење на насилникот.
Be the first to write a comment.