Двојно убиство го потресе регионот Кавала во Грција. Убиени се 31-годишната Ана и нејзиниот само 10-месечен син од страна на нејзиниот 56-годишен поранешен партнер и татко на нејзиното дете, кој откако ги убил, извршил самоубиство, јавуваат грчките медиуми.

По судскиот спор околу старателството над неколкумесечното дете и додека се очекувала одлуката која најверојатно ќе била во корист на мајката, мажот кој неодамна премногу ослабел и делувал многу вознемирено и под стрес, одлучи да го убие своето дете и жената со која го има, за потоа да му стави крај и на животот.

Всушност, како што раскажува пријател на убиецот за грчките медиуми, во домот на 56-годишникот била пронајдена рачно напишана белешка на која пишувало „тука започнува нашата љубов и тука завршува“. Белешката, според извештајот на телевизијата, била пронајдена на маса.

Во него тој не ги напишал причините поради кои го извршил грозоморните дела, туку опишал што доживеел таму со жената на која на крајот ѝ го одзеде животот.

– Во оваа соба ја запознав Ана, во оваа соба се заљубивме и го разменивме првиот бакнеж, било напишано во белешката.

Според информациите на protothema.gr, заклучоците на лекарот кој извршил обдукција на местото на злосторството, откриваат дека 56-годишниот сточар прво го убил 10-месечното доенче, а неколку секунди подоцна и неговата поранешна партнерка. Нивната смрт била моментална, како и неговата кога решил да ја впери пушката во сопствената глава.

Малку порано, откако ги убил мајката и синот, се јавил на својот прв братучед кој бил во близина и цинично му рекол „дојди во шталата“.

„Ми се јави во 09.30 часот и ми рече два, три пати „дојди во шталата“. Претходно слушнав два истрели и мислев дека се ловци. Штом тргнав, слушнав трет истрел“, опишува тој во разговор за protothema.gr, нагласувајќи дека глетката што ја видел веднаш штом пристигнал во шталата била ужасна.

Заканите на сторителот пред убиството

„Ќе те убијам тебе и детето и ќе се убијам себеси“, ѝ рекол насилникот на својата 31-годишна поранешна партнерка, непосредно пред да ја оствари својата закана, убивајќи ја неа и нивното неколкумесечно дете.