Српската полиција ќе поднесе кривична пријава против 27-годишна девојка од Бачка Паланка поради сомнение дека на социјалните мрежи лажно ветила брак на мажи кои за возврат и платиле над 3,3 милиони динари (околу 28.000 евра)

Таа е осомничена за повеќе од 600 измами, наведувајќи ги мажите да ѝ уплатат пари, соопшти МВР.

Против неа полицијата ќе поднесе пријава до Вишото јавно обвинителство во Белград, се наведува во соопштението.