Црна Гора и регионот се уште се во шок поради монструозното злосторство. Медицинската сестра Наташа П.М. и нејзините два сина – единаесетгодишниот М. и три години помладиот М. беа првите жртви на монструмот Вук Бориловиќ (34) во Цетиње.

Според првичните податоци на истрагата, Бориловиќ вчера во 15 часот и 30 минути дошол на катот од куќата во која како станари живееле Мартиновиќ. Дома биле само децата и нивната мајка. Сопругот на Наташа, и татко на децата, во тој момент не бил дома. Наводно, расправијата се случила за киријата – но никој не знае прецизни информации.

Бориловиќ земал оружје и пукал – прво во децата, кои се обиделе да се сокријат зад вратата, а потоа и кон Наташа. Децата починале на лице место, а несреќната жена им подлегнала на повредите во болница.

Убиената Наташа

Жителите на Цетиње на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографии од убиеното семејство.

Според црногорските медиуми, тогаш Бориловиќ му се јавил на телефон на нејзиниот сопруг Милош и му рекол: „Ги убив твоето семејство и моето семејство“, а потоа тргнал да убива и други луѓе. Семејството на убиецот сепак не е меѓу настраданите, бидејќи според информациите кои ги објавија медиумите, неговата сопруга и трите ќерки биле во Херцег Нови.

Откако го убил тричленото семејство Мартиновиќ, Бориловиќ упаднал во куќата на неговиот сосед Дрецун.

Веднаш ги убил Данијела и Димитрије Дрецун, а на прагот од куќата и нивниот син Рајко (56). Тешко ги ранил внукот, односно синот на несреќното семејство, Александар Дрецун (32). Рајко бил убиен кога истрчал кон куќата на своите родители откако го слушнал пукањето.

Бориловиќ не го поштедил ниту својот вујко Горан Ѓуришиќ (54), а потоа ги убил соседите Милан Митровиќ (37) и Александра (52), како и Данијела Радуновиќ (51), со што го заокружил смртонисниот биланс од 10 лица.

Потоа ранил уште четворица соседи – Славиша Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ кој се обидувал да го запре.