Направил хаос кај соседот, му искршил сѐ во куќата
Мештаните велат дека Бориловиќ пред 15 дена влегол во куќата на еден од соседите и направил хаос, искршил сѐ. Тој вчера требало да оди во Психијатриската болница во Доброта поради психичките проблеми што ги имал од неодамна.
-Да реагираше навреме полицијата, по првиот напад на соседите, и да ја пребараше куќата на Бориловиќ, веројатно ќе најдеше оружје и ќе го одземеше, вака го чекаа да оди на набљудување во болницата во Доброта, вели еден од сограѓаните.
По невидената трагедија, цело Цетиње е во шок. Велат дека Бориловиќ неодамна мислел дека соседите го прогонуваат и дека „му прават магија“, дека го крадат. Неодамна поради оваа причина поставил и камери за надзор.
Мештаните велат дека Бориловиќ пред неколку дена ги однел сопругата и трите деца во Херцег Нови и дека чудно се однесувал.
Очевидци: Побаравме од полицијата оружје за да го запреме
Очевидци на хоророт за Standard.me изјавија дека вчера ја молеле полицијата да им даде оружје за да се обидат да го спречат, но тоа не им било дозволено.
Според нив, Бориловиќ пукал и во правец на итните служби, спречувајќи ги да стигнат до жртвите.
– Побаравме оружје од полицијата за да се обидеме да му пријдеме и да го запреме, но залудно се обидоа да преговараат со него. Ни беше јасно дека човекот е луд и дека нема начин да преговараме со него, изјави еден од очевидците.
Мајката и двете деца први жртва
Медицинската сестра Наташа Пајовиќ Мартиновиќ и нејзините два сина – единаесетгодишниот Марко и три години помладиот Машан беа првите жртви на лудиот Вук Бориловиќ во Цетиње. Според првичните податоци на истрагата, завчера во 15.30 часот, Бориловиќ дошол на катот од куќата во која живеело семејството Мартиновиќ како кираџии. Дома биле само децата и нивната мајка. Сопругот на Наташа во тој момент не бил дома. Наводно, расправијата се случила за киријата – никој не знае точно како и што.
Бориловиќ земал оружје и пукал – прво во децата, кои се обиделе да се сокријат зад вратата, а потоа и кон Наташа. Децата починале на лице место, а несреќната жена им подлегнала на повредите во болница.
Според црногорските медиуми, тогаш Бориловиќ телефонски му се јавила на сопругот Милош и му рекол: „Го убив и твоето и моето семејство“.
Влегол во домот на соседите, семејството Дрецун, таму убил три лица (Данијела, Димитрије и Рајко Дрецун), а потоа пукал и тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32).
Продолжил да пука – не ги поштеди ниту вујко му Горан Ѓуришиќ, ниту соседите Милан Митровиќ, Александра и Данијела Радуновиќ. Потоа продолжил и повредил уште четворица соседи, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидел да го задржи.
Масакрот го спречил Ненад Калуѓеровиќ, мештанин кој пукал во него и го убил.
Be the first to write a comment.