МВР ја информираше јавноста дека денеска околу 16.40 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево.

„Денеска околу 16.40 часот на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се 5 лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо’ и во охридската Општа болница“, информира МВР.

Увид извршија полициски екипи.