„Ви благодариме што по 16 години нè направивте горди родители“ – Тања и Даниел

Последниот ден од месецот октомври е најсреќниот ден во животот на Тања и Даниел Тошевски. Овие горди родители по 16-годишна борба за потомство на 31.10.2022 година го добија Дарен.

„Од сè срце им благодариме на д-р Слободан Лазаревски и д-р Гордана Петровска, најдобрите доктори на целиот свет, но и на сестра Анита како дел од тимот кои беа дел од нашата долгогодишна борба за потомство. Чест и привилегија е да се запознаат вакви луѓе херои. Упорни, неуморни, професионални и пред сè, луѓе. Ни ја остварија најголемата желба – во прегратка да го имаме Дарен. Вашата болница треба да биде горда што има вакви стручни, хумани и борбени лица. Поклон до небо“ – споделија Тања и Даниел Тошевски.

📸

📸