Цените на аранжманите, како и ценовниците од хотели, ресторани и кафулиња на плажа, оваа сезона се сè попопуларни на социјалните мрежи. Туристите секојдневно објавуваат на мрежите, а објавите често се шокантни.

Една таква наводно е создадена во популарното црногорско одморалиште Тиват. На фотографијата може да се види скршена лежалка и маса на плажа кои чинат 14 евра.

На масата се гледа и празно шише, а авторот на фотографијата на шега коментирал дека „Тито се сончал“ на таа лежалка.

Додека многумина во коментарите ја осудија ваквата понуда, имаше и такви кои беа на мислење „кому не му се допаѓа, нека продолжи понатаму“.