Српскиот фолкер Дарко Лазиќ заврши во болница поради крварење по операција за затегнување на кожата. Неговата сопруга Катарина е постојано покрај него, а сега на својот TikTok ја сподели првата фотографија од нивната тајна венчавка.

Имено, Катарина објави серија слики и видеа, а откри и како започнала нивната љубов која ја крунисале со брак. Како што изјавила, не мислела дека нешто ќе се случи кога за првпат отишле на кафе.

– Одам само на брзо кафе со бившиот, што може да се случи? – напиша таа со видеото, додека се редеа фотографии од нивните спомени, меѓу кои и онаа од свадбата.

Она што изненади многумина е тоа што Катарина не облече традиционална бела венчаница, туку се омажи во црн фустан, додека Дарко носеше црн џемпер со кошула одоздола.

Да потсетиме, мајката на Дарко Лазиќ, Бранка, тврди дека нема никаков контакт со синот Дарко и за се’ ја обвинува новата снаа.

– Се чувствувам многу лошо за се. Знаев дека ќе има компликации. Го почувствував тоа. Убаво ви кажав. Не можам повеќе да зборувам. Го молам син ми, вака јавно, кога со денови не можам да го добијам на телефон:

„Синко, кога ќе излезеш од болница, дојди кај мајка ти дома, јас да се грижам за тебе и да те чувам. Онаа жена која сега се „клешти“ покрај тебе, додека тебе не ти е добро, таа ќе ти дојде на глава – изјави мјката на Лазиќ.