Ненад белградската населба Батајница, сакал да ги крсти близнаците на првиот роденден, но во црквата го чекало многу непријатно изненадување.

Се откажал од крштевањето деца во својата парохија бидејќи немал доволно пари.

– Јас и сопругата добивме близнаци, па решивме да ги крстиме на нивниот прв роденден. Отидов кај нашиот свештеник да закажам термин, но „паметот ми застана“ кога рече дека крштевањето ќе ме чини речиси 10.000 динари (нешто над 5.000 македонски денари), ја започнува Ненад (47) својата приказна.

Српската православна црква наведува дека нема ценовник за богослужбите, но реалноста е малку поинаква.

– Не знаев дека свештеникот ќе ми побара 10.000 динари за крштевање. Сакав да оставам доброволен придонес, но ова е навистина премногу. Решив да ги прашам другите свештеници која е „тарифата“ и да видам каде беше најевтино затоа што многу сакав да си ги крстам децата, додаде Ненад.

Од пријател кој неодамна го крстил неговото дете слушнал дека попот во Стара Пазова не наплаќа за крштевка.

– Се упатив таму, немав премногу надеж, но немав што да изгубам. Се покажа дека мојот пријател е во право, свештеникот не сакаше да ги земе парите. Тој покажа кон иконата и ми рече да ги оставам парите како доброволен придонес доколку сакам… и толку, рече Ненад.

Ненад си ги крстил децата, но како што вели, за попот од неговата парохија вратата од неговата куќа е затворена во иднина.

– Изгледа дека денес треба да имаш пари за да бидеш верник. Не сакам да ги критикувам сите свештеници затоа што видов дека има исклучоци, но целата оваа работа со тарифите ја надмина секоја граница, заклучи тој.