Вистина е дека има необични места за живеење, но се чини дека еден Британец и неговата сопруга се чекор понапред од останатите.

Велшкиот пар Клајд и Енвен Хауатсон повеќе од 40 години живеат среде фреквентен кружен тек и откриле дека необичната локација воопшто не им пречи и планираат да останат таму уште многу години.

Домот на Хауатсонови е опкружен со пет крстосници откако е изградена обиколницата во долината во Северен Велс. Иако секојдневно се соочуваат со одредени потешкотии, парот не сака да се одсели, а нивната приказна сега го привлече вниманието на некои странски медиуми.

Поглед на нивниот дом од воздух

„Живеам тука 62 години и имам многу среќни спомени. Некогаш живеевме преку улица. Возачите грешеа и правеа погрешно свртување кога првпат се отвори кружниот тек, но тоа ретко се случува сега. Го сакаме нашиот поглед на планините и немаме соседи кои навлегуваат во нашата приватност“, објасни тој.

Нивната куќа се наоѓа точно на средината на кружниот тек, со патека која во еден момент води директно на патот. До 1960-тите, постоела железничка линија и немало обиколница или кружен тек на имотот што тогаш беше во сопственост на семејството на Клајд.

Куќата на Клајд и Енвен Хауатсон

Почна да се гради кон крајот на 1970-тите, а беше завршен во 1980 година. И покрај тоа, семејството одбило да се пресели и да го напушти својот дом.

Некогаш тука имало железничка пруга

„Двете главни прашања што ги добиваме се – како излегуаме од нашиот имот и дали е бучно? Сообраќајот има само еден правец така што не е тешко да се излезе, а со текот на времето се навикнуваме на бучавата. Не ги слушам автомобилите повеќе“, рече сопругата Анвен.

Нејзиниот сопруг, исто така, истакнува дека двојката има „спектакуларен“ поглед од местото каде што живеат, без други куќи или згради кои им го блокираат погледот. Појасни дека имаат двојно застаклување така што речиси и да не продира бучава, а патот, вели, е фреквентен само неколку пати во денот.

Сепак, парот редовно се соочува со предизвици, особено кога треба да ги посетат доставувачите.

Кружниот тек е изграден во 1980 година

„Ние го делиме истиот поштенски код како и куќите околу нас, така што може да потрае некое време додека доставувачите да сфатат дека нашата куќа е всушност на кружниот тек, а не во негова близина“, рече Клајд.

Што се однесува до сообраќајните незгоди, рече дека во овие 40 години не видел сериозни инциденти.

„Никогаш нема да го извлечеме Клајд одовде, освен во ковчег“, се пошегува Енвен, завршувајќи ја нивната необична приказна.