Истражувањето спроведено од научници од Кембриџ покажа дека најпаметните луѓе се родени во месец септември.

Учебната година започнува во септември, што значи дека децата родени во овој месец имаат приоритет во школувањето, бидејќи обично се највозрасни во класот.

Научниците анализирале податоци за околу еден и пол милион ученици родени во различни месеци.

Статистиката покажа дека децата родени во септември постигнуваат подобри резултати на училиште и обично се запишуваат на најдобрите факултети. Дополнително, постои помал ризик тие да одлежат во затворска ќелија за време на нивниот живот.