Популарниот македонски поп пејач, Ристе Ристески, ја избричи главата и целосно го промени својот имиџ.

Имено, новата промена на имиџот која ќе ја забележат неговите фанови е последица на интервенцијата која неодамна ја направи во Турција.

Станува збор за мега популарното пресадување на коса кое веќе го имаат направено најголемите ѕвезди од регионот, но за разлика од нив, Ристе не сака да крие и ветува дека ќе одговори на секое прашање поврзано со оваа тема.

– Пред да се решам за пресадување коса гледав еден куп видеа и тоа ми изгледаше навистина страшно, но целата интервенција се заврши во неколку часа без никаква болка. Да знаев дека е толку едноставно и брзо, порано ќе ја направев. Првите 10 дена ми е забрането да излегувам на сонце и да тренирам, но после тоа се враќам на вообичаениот животен стил. Со мојата публика се гледаме многу скоро, нивната енергија најмногу ми фали, вели Ристе Ристески.

Пресадувањето коса е процес кој кај некои пациенти трае и до 12 месеци. Првите резултати се гледаат во четвртиот месец, а веќе во седмиот месец косата ја добива посакуваната густина и облик.