Иван Каровски за прв пат во приказните се приклучува на 21 годишна возраст во 1992 година!

Тука е премногу млад и неговите први улоги се сосема мали, но подоцна во годините што следат се покажува дека улогите во приказните навистина му легнуваат! Се докажува како сериозен актер, и се до крајот на снимањата е еден од носечките ликови во приказните и неодделив член од екипата која со години ги снимаше овие бисери на народното творештво!

Тој навистина умееше да се појави во сиот свој раскош на неговото актерско умеење во толкување на разнолики улоги, од просто момче до царски зет и од фурнаџиски калфа до момче кое подучува за животот!

Иван како млад, талентиран актер внесува вистинска свежина во поновите приказни во тоа време! Создаде улоги кои оставија неизбришлив траг во приказните, а публиката секогаш знаеше да ја остави нерамнодушна! Едни од најзапаметените улоги кои публиката му ги памети до ден денес се во приказните: Мајстор над мајсторите; Се што било поминало и се што ќе биде ќе помине; Мудроста е богатство; Печената гуска летнала; Тројцата побратими и царот; Тројца браќа; Богатство и ум итн…

Неговота блискост и разбирање со Колозов се забележуваше и на сцената, а тоа најмногу придонесе приказните да го достигнат врвот на саканост и гледаност кај македонската публика!

Долго годишен член е на патувачкиот “театар Колозов” кој прикажува детски претстави низ училиштата на цела територија на Република Македонија.

Денес, нема обожавател на приказните кој што не се запрашува каде е Иван?

По смртта на Колозов приказните згаснаа со сиот нивни сјај, но подоцна во годините имаше нивно продолжување во чии епизоди се појави барем дел од старата екипа но Иван Каровски никогаш не зеде учество во нив. Публиката се запрашува, зошто го нема во јавниот живот, зошто го нема во приказните?

По кажувањата на Шенка, тој бил поканет како почесен актер од старата добро позната екипа на старите приказни да учествува во новите епизоди, но тој откажува.

Шенка кажува, Иван бил премногу скромен, добар, имал крајно професионален пристап кога станувало збор за снимање! Секогаш бил сериозен и многу прифатен од старите колеги!

Еве некоја информација повеќе за Иван Каровски (момчето од приказните) со што се бави денес тој. Иван работи како научник од област на комуникологија и социологија, веќе со децении.

M-р Иван Каровски е роден 1971 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образо- вание. Во 1990 година се запишал на Факултетот за драмски уметности, Отсек за драмски актери.

Во 1997 година се вработил во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, како помлад асистент-истражувач. Во 2007 година е избран во звањето асистент истра- жувач. Денес работи како виш стручен соработник.

Во 1997 година се запишал на постдипломските студии на групата комуникологија. Постди- пломските студии ги завршил со магистерскиот труд под наслов: Влијанието на печатените медиуми врз изборното определување на локалните избори во РМ 2000 година.

Во изминатиот период бил вклучен во голем број проекти како соработник, финансирани како од Министерството за наука, така и од страна на други домашни и странски нарачатели. Има раководено со проектот Мониторинг на печатените медиуми за време на локалните избори во РМ, 2000 година.

Негови области од научен интерес се: комуникации, компјутерска култура, индустрии на културата и избори и медиуми.