Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ често го привлекува вниманието на јавноста. Нејзиниот стил на облекување отсекогаш бил коментиран, додека неодамна во ресторан во Лопуд се појавила во необична облека.

Фотографиите предизвикаа лавина од коментари, откако Колинда немавме можност да ја видиме во спортското издание. Поранешната претседателка се одлучи за неутрални беж бои, а носеше шорц и маица.

Многумина се воодушевени од нејзината линија, а погледите и ги фатија нозете кои масовно ги коментираа.

„Какви нозе“, „Убава е нашата Колинда“, „Убави нозе“, „Каква убава Колинда“, „Коли е толку убава“ – ова се само дел од коментарите под фотографијата.

Колинда отсекогаш нагласувала дека не сака коментари за нејзиниот физички изглед. Во јавноста често се појавува добро облечена, во фустани и здолништа со пристојна должина и остава впечаток на одмерена дама со стил.

📸

📸