На социјалните мрежи бурни реакции предизвика веста дека Јелена Карлеуша настапува на Роштилијадата во Лесковац, која годинава ќе се одржи од 22 до 28 август.

Во медиумите се појави информација дека жителите на Лесковац собираат пари, кои според корисниците на социјалните мрежи ќе ѝ ги дале на Јелена за да не пее на оваа традиционална манифестација.

Мислењата за настапот на Јелена се поделени, а меѓу оние кои се против нејзиниот настап е и кошаркарот Никола Калиниќ, кој сподели објава за собирање пари за Карлеуша да не настапи.

Набрзо следеше реакција, односно одговор на Јелена Карлеуша на неговата објава, но објавата во форма на „стори“ недолго потоа беше отстранета од нејзиниот Инстаграм профил. Содржи и остри и навредувачки зборови, меѓу кои и за деформитетот на лицето на познатиот српски кошаркар.

„Народе, ајде да се организираме и да собереме пари за да му помогнеме на ова несреќно момче. Итно му треба операција на неговите деформирани коски на лицето за да не мора повеќе да се снима како се задоволува гледајќи трансродови луѓе! Ајде да се обединиме за овој млад човек конечно да може најде некоја девојка и престане да навредува и напаѓа жени и јавни личности на социјалните мрежи!“, напиша Карлеуша.

Инаку, причина за деформитетот на лицето на кошаркарот е тоа што во детството доживеал тешка скршеница на вилицата, по која операцијата не ги даде саканите резултати