На паркинг пред еден трговски центар во град во Мексико брутално се степаа жена и љубовница.

Неверниот сопруг се обидел да ги раздели жените.

На паркингот „Волмарт“ во Тамаулипас ​​дошло до физичка пресметка меѓу две жени, како што објавија мексиканските медиуми, причина за тепачата биле неверн сопруг.

Имено, неименуваната госпоѓа добила дојава дека нејзиниот сопруг е во трговскиот центар со својата љубовница, па брзо пристигнала пред трговскиот центар и го изненадила парот на излегување.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледа како бесната сопруга ја зграпчува соперничката одзади, ја фрла на земја, а потоа ја влече и клоца.

Неверниот сопруг се обидел да ги раздели жените, се заканувал со повикување полицијата, а Ел Универзал пренесува дека и детето, најверојатно нејзино, се обидело да ја смири разбеснетата жена.

„Не е таа виновна“, се слуша како момчето во еден момент вели.

Останува непознато дали интервенирала полицијата или мажот имал храброст да се појави пред жената.