Преку единствен број за итни повици 112 добиена е пријава за одрон на пат (падната карпа) на магистралниот пат Скопје-Велес, поточно 5 км од Катланово кон Велес.

За настанатата состојба известени се Јавното претпријатие за одржување на магистралните и ригионалните патни правци и истите ќе испратат екипа за да се расчисти одронот.