Денеска на 80 годишна возраст, во Старскиот дом “Сју Рајдер” каде ги поминуваше пензионерските години, почина Благој Богоевски, во Битола познат како Германецот.

Благој Богоевски беше најголем добитник на Лото во Германија, кој во 1984 година доби премија од над 650.000 германски марки. По добивањето на најголемата Лото премијата, во градот Кајзерслаутерн, Германија, Благој Богоевски се врати во Битола каде одлучи да живее до крајот на животот.

Благој Богоевски, кој беше голем љубител на фудбалот и ракометот едно време ја извршуваше функцијата генерален секретар на фудбалскиот клуб Пелистер.

Благој Богоевски ќе биде погребан утре на Светонеделските гробишта во Битола.