Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди аргентинската провинција Сантијаго дел Естеро, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од 586 километри, пренесе Ројтерс. Земјотресот е регистриран во 19:09 часот по локално аргентинско време.

Епицентарот на земјотресот е на 23 километри северно од населеното место Ел Хојо кое брои околу 2.000 жители, односно 150 километри од Сантиаго дел Естеро, град со популација од околу 350.000 жители.

Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.