Поранешниот припадник на американските морнарички „фоки“ (Navy Seals), Даниел В. Свифт (35) од Орегон, е убиен во четвртокот во Украина, потврди американски официјален претставник. Тој не сакаше да шпекулира за причините на Свифт за престојот во Украина.

Даниел Свифт (35)

Морнарички „фоки“ (Navy Seals) се тајна единица на најелитните специјални сили на војската на Соединетите американски држави (САД).

Поранешниот американски специјалец загинал во четвртокот рано наутро, откако бил ранет неколку дена борејќи се заедно со украинската војска за време на интензивна борба во градот Бахмут на источната линија на фронтот.

Daniel Swift (far left), Grygorii “Greg” Tsekhmistrenko (center right) and Adam Thiemann (far right) in Ukraine

Даниел Свифт (35) живеел претежно во северозападниот дел на Пацификот и служел како во морнаричките „фоки“. Американската морнарица во петокот соопшти дека Свифт моментално е означен како активен дезертер од март 2019 година.