Комичарот Мајкл Лерер (44), кој отворено зборуваше за дијагнозата на АЛС (амиотрофична латерална склероза, невролошка болест), почина во вторникот во Портланд, на 44-годишна возраст.

„Одлучи да стави крај на животот со помош на лекар. Мајкл умре достоинствено, според сопствената желба. Евтаназијата беше најтешката одлука што ја донел“, потврдила неговата партнерка Колет Монтег во изјава за „Чикаго сан тајмс“.

На неговиот инстаграм-профил се појави проштална објава. Имаше 44 години.

„Почивај во мир, бестрашен човеку. Секогаш ќе те сакаме и благодарни сме ти за се што му даде на светот“, пишува во описот.

Комичарот, кој беше дел од театарската трупа „Вториот град“, ја продолжил својата кариера откако во 2017 година му беше дијагностицирана невролошка болест. Мајкл настапувал во инвалидска количка во клубови во Остин, Тексас и зборувал за својата борба на настапите.

Меѓу многуте кои се простија од починатиот комичар е и Џо Роган.

„Храброста што ја покажа овој човек додека се бореше со тешката болест беше неверојатна и, иако едвај зборуваше, човекот освојуваше на сцената“ додал тој.

Колку луѓето го сакале Лерер сведочи и страницата за донации GoFundMe, на која обожавателите почнале да собираат средства за синот на комичарот.