Што е леопард 2?

Леопард 2 е главен борбен тенк од германско производство со досег од околу 500 километри. Првпат стапи во употреба во 1979 година и има максимална брзина од 68 км/ч. Опремен со топ со мазна цевка од 120 мм како главно вооружување, тој е вооружен и со два коаксијални лесни митралези.

PABRADE, LITHUANIA – OCTOBER 27: A Leopard 2A6 main battle tank of the Bundeswehr, the German armed forces, participates in the NATO Iron Wolf military exercises on October 27, 2022 in Pabrade, Lithuania. Germany leads a NATO contingent of troops in Lithuania under the Enhanced Forward Presence (eFP) battle group, with troops also from Belgium, the Czech Republic, the Netherlands, Luxembourg and Norway. (Photo by Sean Gallup/Getty Images)

Освен што се користи од страна на германската војска, леопард 2 е во широка служба во Европа, тенкот го користат повеќе од десетина европски земји, како и голем број други земји, вклучително и Канада. Тенковите се распоредени на Косово, Босна, Авганистан и Сирија (од страна на Турција), каде што неколку тенка беа изгубени поради противтенковски ракети.

– Се проценува дека модерниот Леопард 2 може да продре во фронталниот оклоп на советскиот тенк Т-72 од далечина од 2.000 метри и оклопот на тенкот Т-62 од повеќе од 4.000 метри. И двата тенкови се користат од руската армија во Украина, пренесува Индекс.хр.

Зошто Украина ги сака?

Украина рече дека има итна потреба од потежок оклоп во својата војна против руската инвазија. Киев има ограничен пристап до тенкови, повеќето се од советската или постсоветската ера.

Освен што велат дека Москва во наредните месеци има намера да почне значајна нова офанзива, Киев и многу од неговите сојузници веруваат дека војната ќе заврши побрзо ако Русија биде поразена на бојното поле во контраофанзивите на Украина со кои сака да си ја врати територијата окупирана од Русите, вели Гардијан.

Додека Украина извојува значајни победи – во битката за Киев во почетокот на војната, како и во областа Харков и околу Херсон на југ – таа е попречена од недостигот од тенкови за поддршка на нејзините операции и соочена со руските сили што сѐ повеќе ги испраќаат помодерните и помоќни Т-90-ки.

Широката достапност на леопардите – вклучително и во соседна Полска, која сака да ги испрати во Украина – ги прави особено погодни за Киев.

Украина вели дека ѝ требаат 300 тенка, додека западните аналитичари сугерираат дека и 100 веројатно би можеле да го променат балансот на војната.

Па што е проблемот?

Поради тоа што тенковите им беа испорачани на други земји со лиценци за извоз, Германија може да стави вето на реизвозот, иако Полска во четвртокот предложи дека едноставно може да ја игнорира Германија и да ги извезува своите леопарди.

Позицијата на самата Германија е конфликтна. Таа претпочита мултилатерален пристап во снабдувањето на Украина со оружје, наместо да ја гледаат како се движи еднострано.

Иако Германија ѝ даде големо количество опрема на Украина, вклучително и оклопни автомобили, ограничена е од сопствената антимилитаристичка традиција по Втората светска војна. Снабдувањето со главните борбени тенкови се сметаше за проблематично поради нивните многу поочигледни офанзивни способности.

Германија се обиде снабдувањето со леопарди да го стави во контекст на поширока коалиција, која би снабдувала други тенкови, вклучувајќи го и американскиот абрамс – тенк што експертите го сметаат за помалку погоден за војната во Украина поради неговата голема потрошувачка на гориво.

Кој е аргументот против снабдувањето со тенкови?

Противниците веруваат дека снабдувањето со тенкови би било ескалација на вмешаноста на НАТО-земјите во војната, што го зголемува ризикот од ширење на војната.

Украина рече дека ќе ги користи тенковите само во своите меѓународно признати граници, додека поддржувачите велат дека Москва е таа што продолжува да го ескалира конфликтот, мобилизирајќи уште повеќе војници, напаѓајќи ја цивилната инфраструктура и праќајќи прикриени закани за нуклеарни напади, вели Гардијан.