По неколкудневна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист Пламен Христов, кој исчезна пред една недела. Телото е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, Бугарија, а до него е пронајдено уште едно тело на маж, за кого бугарските медиуми претпоставуваа дека е македонски државјанин, бидејќи кај него се пронајдени македонски денари.

Информацијата ја објави електронското издание „24 часа“. Полицијата ги проверува хотелите во Банско и Сандански. Ниту еден маж од областа не е пријавен за исчезнат во локалната полиција.

Телата ги пронашле планинските спасувачи од Банско, Разлог и Сандански. Едното тело е на Пламен Христов, а се претпоставува дека вториот човек го видел паднатиот бугарски турист и се обидел да му помогне.

На снимката снимена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела на туристи има и црвена јакна за која јави „24 Часа“. Сепак, не е јасно дали има и лице или тоа е само надворешната облека.

„Јакната е на многу поголема надморска височина од онаа каде што ги пронајдоа двајцата починати туристи. Апсолутно е недостапна. Се надевавме дека воениот хеликоптер ќе помогне, ако не за транспорт на починатиот, тогаш барем да го погледне наоколу ова место за да видиме дали има човек“, коментираат планинските спасувачи.

На местото под Вихрен од западната страна кон долината Влахина во моментов оди нова група спасувачи за да може со неа да се пренесе и второто тело. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

– Полицијата веќе го идентификуваше и второто тело, тоа е навистина на странец – Србин, кој ја дочека Новата година во семеен хотел и на 1 јануари отишол на планинарење, објави 24 часа.