Во 05. 20 часот изутрина завршила најлудата ноќ, а се одиграла непосакувана трагедија за друштвото од Скопје кое празнувало во градот Штип. К.Т. ОД Скопје превезувал 4 – ца другари не постари од 21 година.

Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“.

– Неофицијално и од првичните информации откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини возачот со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници, објави телевизија Телма.

21- А.Ѓ од село Трубарово, Скопско удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби.

Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги спренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и во 07. 15 минути констатирале смрт.

Вториот повреден е вон животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата.

Загубил заби од ударот, но набрзо ќе биде пуштен на домашно лекување.

Несреќната петорка случајот го пријавиле во полиција, а предметот е во раце на дежурниот обвинител од штипското обвинителство кое врши распит со сведоците и учесниците во несреќата.

Останува на иснтиутциите да ги расветлат причините како дошло до инцидентот во кое едно момче го загуби животот, а вториот нивни другар заврши со тешки телесни повреди.