Камило Гуевара Марч, син на аргентинско-кубанскиот марксистички револуционер и политичар Ернесто Че Гевара, почина денеска во Каракас на 60-годишна возраст од срцев удар, соопшти кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

„Со длабока тага се збогуваме со Камило, синот на Че и промотор на неговите идеи“, напиша претседателот на својот „Твитер“.

Кубанската новинска агенција Prensa Latina пишува дека Камило Гевара Марч бил во посета на Каракас, каде што починал вчера како последица на „белодробна емболија која предизвикала срцев удар“.

Роден во 1962 година, Камило беше најстариот од четирите деца на Ернесто Че Гевара и неговата кубанска сопруга Алеида Марч, исто така револуционерка. „Че“ имаше уште една ќерка – Хилда (почина во 1995 година), од претходниот брак со Перуанката Хилда Гаде.

Камило Гуевара Марч беше дипломиран правник и директор на Центарот Че Гевара во Хавана, институција која ги промовираше идеите на неговиот татко.