Девојче од Италија кое било на одмор со родителите починало откако камена статуа паднала врз неа во хотел во Минхен, соопшти денеска германската полиција.

Статуата тешка околу 200 килограми паднала врз седумгодишната Лавинија Трематера во дворот на хотелот во петокот навечер.

Луѓето на лице место успеале да ја тргнат статуата од детето и да повикаат брза помош, но таа подоцна починала во болница во Минхен.

Се уште не е познато зошто паднала статуата. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.