Јаков Милатовиќ, кандидатот за претседател на Движењето Европа сега, убедливо води во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните резултати.

Претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ освоил 39,2 отсто од гласовите, додека Јаков Милатовиќ 60,8 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 31,2 отсто од обработениот примерок, податоци на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), објави Вијести.

– Апсолутно сум сигурен во победата и убеден дека од вечерва Црна Гора е во целосна смисла на зборот – слободна земја, изјави денеска Милатовиќ.

Право на глас на претседателските избори во Црна Гора имаа 542.154 граѓани. Според податоците на ЦЕМИ, излезноста е 71 отсто.