Девојка од Србија ги крена социјалните мрежи на нозе, откако преку вирална објава ја опиша ситуацијата во животот на нејзината малолетна пријателка, која, како што рече, најверојатно била издрогирана од момчиња кои биле со неа, пишува Блиц.рс.

Девојчето, кое сакаше да остане анонимно, се огласи на српскиот дел на форумот „Редит“ и во таа прилика побара совет што да прави, бидејќи не знаеше дали да го пријави однесувањето кај родителите на девојчето или не.

„Мојата другарка 15 години, со која не сум толку блиска, затоа што главно се дружат само нашите родители, многу излегува.З начи по цел ден не е дома, нон-стоп е по кафулиња, клубови и слично. Откако почна да излегува, скоро една година активно, почна да се облекува многу поотворено, да се шминка секој ден, да менува дечковци на секои две недели, мајка и најмногу ја бранеше и не е строга со неа бидејќи мисли дека има некои граници на контрола и нема да направи нешто глупаво.

Се беше океј додека пред неколку недели дознав дека во кафуле ја дрогирале или не знам што и туриле во пијалокот каде што не била свесна што зборува и буквално ѝ била соблечена маицата додека била со некој 5 години постар од неа.

Размислувам да и кажам на мајката на другарка ми што прави нејзиното дете, но се плашам да не ми се налути другарката и мајката пак да го брани своето дете. Од една страна размислувам да молчам, но многу ми е тешко поради ситуацијата во која се наоѓа, а веројатно мајката не е ни свесна што се случува. Дали да и кажам или да се преправам дека сум луда?“, напишала девојката.

Во коментарите кои се појавија, меѓу првите се огласија оние кои самите имаат деца. Во таа прилика тие го искажаа својот став дека родителите на девојчето мора да ја слушнат вистината.

“Татко на два сина овде. Токму тоа ме плаши. Предизвиците на воспитувањето на децата. Според однесувањето на твојата другарка, јасно е дека родителите веќе доцнат со воспитувањето. Како родител сакам да знам што е тоа што се случува со моите деца. Најдобро е да им кажеш се на твоите родители. Тоа ќе им покаже дека имаш доверба во нив. И нека одлучат што да прават со тие информации. Ако другарка ти те откачи затоа што си кажал нешто на твоите родители и тогаш таа се налути на тебе, тогаш не е твоја пријателка. А пред се, разговарај со неа. Кажи ѝ дека си видела нешто што те загрижува“, напишал овој едитор.

Некои, пак, беа на мислење дека самите родители се виновни за ваквото однесување на малолетниците.

„И јас сум го видел тоа, но тоа не значи дека секогаш треба да ги осудувате на почетокот, бидејќи тие се деца и честопати не знаат ништо подобро. Некој што е воспитан нормално не се однесува така ако немаат некој скриен психолошки проблем, а ако проблемот е во нивното воспитување, има решение и за тоа. Поентата е дека треба да помогнеш ако можеш“, напишала една девојка.

Дека понекогаш родителите не сакаат да се соочат со вистината е ставот на една девојка која доживеала непријатна ситуација кога им го кажала на роднините на однесувањето на нивната ќерка, а нејзина роднина.

“Се обидов да го свртам вниманието на тетка ми за братучетка ми, односно нејзината ќерка. Испаднав морон и пред тетка ми и пред братучетката. Па секој нека прави што сака, веројатно мајката и ќерката се исти и тие многу добро знаат што се случува“, објасни таа.

На крајот, девојка од Србија објасни дека најдобро е да им каже на своите родители.