Вчера во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш”, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Според првичните информации, се работи за убиство.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди. Увид на местото извршиле увидна екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

МВР вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и најави информации за подоцна.