Вработен во една од штипските конфекции починал вчера додека бил на своето работно место, јавува телевизија Стар.

Станува збор за 61 годишен маж на кого според очевидци му се слошило и паднал. Колегите веднаш повикале брза помош, но лекарската екипа можела само да констатира смрт.

Според првичните наоди се работи за природна смрт предизвикана од срцев или мозочен удар.