Не стивнуваат реакциите во јавноста по вчерашната сторија во која новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу објави дека директорката на детската клиника Аспазија Софијанова земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.
Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, но кавгата со директорката се случила откако и било посочено дека земала плата, а не одела на дежурства.
Со свој коментар во јавноста се јави и познатата македонска пејачка Анета Наковска, која вели дека „добро е што почна од некаде“, но новианрот Салиу треба да ја покаже „истата храброст и праведност за многуте албански граѓани кои се врботени и си земаат плата, а на работа никогаш не се појавени“.
– Оопааа!!! Убаво ќе биде ако овој новинар Фуркан Салиу има доблест да ја покаже истата храброст и праведност и за многуте Албански граѓани кои се вработени и си зимаат плата, а на работа никогаш појавени… Лека полека секој ќе си плати за се, добро е што почна од некаде… Само е прашање на време кога ќе се отвори Пандорината кутија… Ќе биде страшно бидејќи премногу ужаси ќе излезат на виделина… ова е мачји кашаљ во однос на тие работи…, напиша Наковска.
Be the first to write a comment.