Мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина денеска ја информирала полицијата на кантонот Сараево дека телефонски добила закана дека непознато лице „ќе пука со зоља во правец на базата Бутмир“. Набрзо бил уапсен.
Како што истакнаа од полицијата, му пречело ангажманот на хеликоптери на ЕУФОР, кои во текот на изминатата ноќ извесен период ја изведувале најавената вежба.
Со техничка помош на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, полициските службеници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево идентификуваа, пронајдоа и приведоа лице кое е поврзано со кривичното дело од член 183 (Загрозување на безбедноста). Уапсен е Н.М. роден 1978 година од Сараево.
Истиот е под кривична постапка во службените простории на Полициското одделение.
Be the first to write a comment.