Страшна трагедија при работа се случи рано утрово во населеното место Галдово во близина на хрватскиот град Сисак, во која смртно настрадаа две лица.

Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, тешка камена плоча паднала врз работниците. Загинале 38-годишен маж, сопственик на фирма и 22-годишен работник.

Несреќата се случила утрово нешто пред 9 часот.

– Сопственикот на каменорезецот Д.Г.(38) и неговиот 22-годишеб вработен загинале. Трагедијата се случила, неофицијално дознава Јутарњи лист, при истовар на камени и мермерни плочи од камионот, објави медиумот

Ова се случило на местото каде што 38-годишниот маж вообичаено ја претоварувал робата и ја превезувал до работилницата каде камионот не можел да помине бидејќи патот бил претесен.

Мештаните кои го познавале сопственикот на фирмата велат дека слушнале силен удар и плачење. Полициската истрага е во тек.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸