Горивото никогаш не било поскапо, а никогаш немало повеќе автомобили на улиците. Според статистичките податоци, во Србија градот Чачак го зазема водечкото место по бројот на возила во однос на бројот на жители.

Во едно семејство секое утро се стартуваат дури и неколку возила на четири тркала, но некои сепак решија да заштедат малку и се снајдоа на логичен и корисен начин.

– Секое утро одам на работа со „октавија“, син ми со „опел корса“, снаа ми со „фабија“. Кога ќе пресметам, сите тројца од тоа што ќе го заработиме, голема сума оди во резервоарот. Сега се трошат огромни суми за гориво, додека речиси се останато поскапе. Решивме да заштедиме малку, па сега наутро сите заедно со една кола одиме на работа, се разделуваме и се чекаме кога ќе завршиме со работа, вели за РИНА Миленко Дамљановиќ од Чачачкиот крај.

Имено, во Србија во следните седум дена максималната цена на дизелот ќе биде повисока за два динари по литар и ќе чини 222 динари, а на еуропремиум ќе биде 178 динари за литар. Минатата недела литар евро дизел чинеше 220 динари (116,5 денари), а евро премиум Б – 180 динари.

Ако се спореди со минатата недела, кога максималната цена на дизелот беше 220 динари, а евро премиум горивото 180 динари, во наредните седум дена дизелот ќе поскапува за два динари, а бензините за два динари поевтини.

Судејќи според цените, но и тоа што повеќето од нив имаат повеќе од една кола во дворовите, многумина, како Миленко, долго ќе паркираат некој од автомобилите.