Викендов во Штип се одржува 37. издание на фестивалот на забавна музика, Макфест, на кој настапуваат дел од познатите изведувачи. Меѓу многуте познати музички звезди, свои пет минути имаше и Борко Ристовски, голманот на Вардар.

Тој беше најавувач на еден блок музички гости кои ќе настапат, заедно со Лила Филиповска и Миланка Рашиќ. Водители на Макфаст се Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска.

Интересно е дека Борко се снајде во улогата, иако мораше да ги прочита оние то треба да настапат. Веројатно ракометните имиња подобро ги знае.

Борко на Макфест се појави со неговата сопруга Нина кој беше креаторка на фустанот на една од пејачките кои се појавија вечерта.