Метеорологот Славчо Поповски и денес предупредува на можно невреме.
Како што најавува тој, до петок нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено влажна и нестабилна воздушна маса. Во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови, на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд.
Локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, кој повторно можеда услови со силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Поповски ги советува граѓаните да бидат крајно претпазливи и подготвени за евентуална временска непогода.
Постабилна Атмосфера ќе имаме за време на викендот.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.
Be the first to write a comment.