Комерцијална банка ги известува клиентите дека експозитурата во трговскиот центар Ист Гејт мол денеска (31.08.2022 година) нема да работи бидејќи трговскиот центар ќе биде затворен за посетители. Дигиталната зона во експозитурата останува на располагање 24/7.

Дополнително, на располагање на клиентите им се и експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Автокоманда“, „Скопјанка“ и „МНТ“.

Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.

Клиентите ќе бидат навремено известени за отворањето на експозитурата „Ист Гејт мол“.

„Нептун“ ќе биде времено затворен денеска и утре

Од тимот на „Нептун“ соопштија дека вчерашното големо невреме што го зафати скопскиот регион, во кое за среќа немаше човечки жртви, предизвика мала материјална штета во еден од вкупно 26 продажни салони на „Нептун“, односно во продажниот салон во трговскиот центар „Ист гејт“.

За среќа, во невремето не е повреден ниту еден потрошувач или некој од вработените во салонот во „Ист гејт“, единствено е предизвикана мала материјална штета која во моментов се санира.

Поради тоа, продажниот салон во „Ист гејт“ ќе биде времено затворен денеска и утре, период во кој ќе се санираат оштетувањата во објектот, ќе се заменат оштетените производи и ќе се изврши дезинфекција на целиот продажен салон. По целосното оспособување на објектот, продажниот салон на „Нептун“ ќе продолжи со нормална работа.

– Воедно, сакаме да ги известиме нашите потрошувачи дека сите производи кои ги купуваат во „Нептун“ се чуваат и им се доставуваат од главниот магацински комплекс на компанијата кој не претрпе никакви штети при вчерашното невреме.