Од Владата веќе ја разгледуваат оваа опција – стрелките на часовниците во недела на 30 – ти октомври да не се поместуваат еден час наназад од летно во зимско сметање на времето. Ова значи дека ќе имаме 1 час повеќе дневна светлина, но будењето наутро ќе биде во мрак за оние кои порано одат на работа.
Експерти при Минситерстово за економија веќе анализираат кои би биле придобивките за стопанството и граѓаните од продолжувањето на летното сметање на времето, вели премиерот. Ковачевски вели дека во моментов постои расположение за ова, но дека ќе се чекаат анализите кои би требало да се готови до крајот на неделата, а одлуката ќе треба да се донесе до крајот на месецов.
За оваа идеја на Владата, лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски е со мислење дека нема значително да придонесе до заштеда на електрична енергија.
Но, како непоместувањето на стрелките на часовниците ќе влијае врз биоритамот на луѓето? Според Сања Ѓорѓева, која е сертифициран тренер за спиење, поприродно за човекот е зимското сметање. Таа вели доколку остане летното сметање ќе се намали продуктивноста кај луѓето.
-Замислете во зимно време да не го смениме времето и да почнеме повторно да стануваме во седум време кога тогаш ќе биде темно, тогаш треба да е всушност шест. Тоа самото ќе намали продуктивност, кај деца и возрасни, има многу луѓе на кои им влијае врз расположението промената на времето и општо стемнување-разденување, таа дневна светлина ни е многу потребна да имаме време во текот на денот кога ќе уживаме во тоа за да можеме да функционираме, вели за Канал 5 телевизија Сања Ѓорѓева – сертифициран тренер за спиење
Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години, когаогромен број Европејци се изјаснија дека поддржуваат укинување на досегашниот начин на сметање.
Be the first to write a comment.