Љубовна драма се случила во Гостивар, каде жена на возраст од 29 години заврши во полиција, откако го претепала бившиот љубовник.

Полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар, вчера во 18 часот и 45 минути ја привеле Ј.Ш., државјанка на Црна Гора, затоа што таа претходно нападнала 39-годишен жител на гостиварско село, со кого порано била во љубовна врска.

Ј.Ш. го нападнала мажот со стаклен предмет.

Жената е задржана во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.