Во попладневните часови во Крагуевац, Србија, жена чиј идентитет засега не е познат, се обидела да се самоубие пукајќи во себе со пиштол, објавија српските медиуми.
Жената се здобила со тешки повреди на главата и во критична состојба е пренесена во Клиничкиот центар во Крагуевац, каде лекарите се борат за нејзиниот живот, потврдено е за агенцијата РИНА.
Во последните седум дена ова е втор обид за самоубиство во овој град.
Претходно една жена скокнала од највисокиот солитер со намера да си го одземе животот и им подлегнала на повредите во болница.
Be the first to write a comment.